Македонија
19. July 2019 - 16:39

Интерактивна вежба за заштита и спасување во случај на пожар на повеќе институции

Експлозија при пожар во рафинерија ги евакуираше локалните жители. Искра од вагон ја крена целата држава на нозе. Пожарот избувна на пругата а за кратко време ги зафати резервоарите со гориво.

Пожарот се гаснеше со авиони на ДЗС, механизација на 17 институции од кои беа ангажирани 350 лица. Симулацијата на оваа противпожарна операција успешно заврши но координацијата на надлежните потфрла во реалноста.

Преку оваа вежба надлежните сакаат да ја подигнат свеста кај населението за опасноста при вакви ситуации.  

Вежбата за заштита и спасување се одвиваше во три фази. За пожарот јавило локалното население по што први интервенирале екипи на рафинеријата, подрачните пожарникари, а потоа е побарано засилување. Најчести причини за пожари во летната сезона се токму искри од вагони, отпушоци, палење на стрништа како и намерно палење оган за различни цели.