Loading Video...
Фудбал
14. May 2019 - 17:50

Интер на чекор до квалификациите за Лигата на шампиони

 
Фудбалерите на Интер се на чекор до осигурување на место во квалификациите за Лигата на шампиони следната сезона. 
 
„Нероаѕурите“ го победија последно пласираниот Киево со 2:0 во последниот меч од 36.коло во Серија А.
 
Стрелци на головите за Интер беа Политано во 39-тата и Перишиќ во 86.минута. 
 
Со новите три освоени бодови и вкупно 66 Интер се врати на третата позиција на табелата и во последните две кола му требаат три бода за се вброи меѓу четирите екипи кои следната сезона ќе настапуваат во Лигата на шампионите. 
 
Таму пак место веќе обезбедија Јувентус и Наполи, додека покрај Интер за преостанатите две места конкурираат Аталанта (65 бодови), Милан и Рома (62).