Македонија
22. October 2019 - 16:37

Инспекторите знаат кој загадува но немаат правилник за да казнуваат мали загадувачи

Загадувачите им се познати на локалните власти, но не ги казнуваат.  Инспекторите чекаат нов правилник кој ќе им овозможи да изрекуваат глоби на многубројните мали загадувачи.

До сега, ако печката загадувач била помала од 1 мегават инспекторите не можеле да постапуваат. Веќе една година се чека од министерството за животна средина да ја заврши процедурата.

Министерот за животна средина го ставил својот потпис, правилникот е испратен кај министерот за здравство по што треба да се објави во службен весник велат од министерството за животна средина. Секој правилник има процедура која трае и тоа треба да го знаат инспекторите велат оттаму.

И советниците од  општина центар се запознале со загадавуачите меѓу кои има индустриски објекти, угостители, ромско население но и околу 40 отворени градилишта.

Граѓаните се незадоволни од изговорите на локалните власти и сметаат дека се работи за системски проблем.

„Ние постојано сме во реформи па правилник не чинел па наводно ќе го менуваме а состојбата останува иста или полоша. Некој треба да им води контрола ... се смени власта 3 години тапкаме во место, смета Петар Бошевски еколошко друштво ЕКО СКОП.

Јавните дебати кои ги организира зелениот институт се органиираат во 4те најазагадени скопски општини, Карпош, Центар, Аеродром и Гази баба. Во меѓувреме пак додека властите дебатираат, секојдневно се палат диви сметишта и депонии а мерните станици ги дадоа и првите загрижувачки резултати.