Македонија
1. November 2019 - 19:18

Инспекторите на терен во потрага по загадувачи

Инспекторите и полицајците денеска ќе се екипираат а  од утре ќе патролираат. Казни и кривични пријави ќе заработат загадувачите кои ќе бидат фатени на дело. На состанок во владата се договорија меѓу себе за краткорочни но и долгорочни мерки кои ќе ги преземаат за да го намалат загадувањето.За секојдневното работење ќе поднесуваат извештај кај премиерот.  Во секој град секојдневно ќе  вршат контроли на јавниот простор но и врз субјектите кои имаат  А и Б интегрирани дозволи. Детална контрола ќе се врши и врз возилата за регистрација, загадувачите нема да поминат на технички .

Од февруари беше најавена промена на системот за греење на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, како дел од планот за чист воздух на Владата, но објектот се уште се затоплува на мазут. Оваа фотографија е направена денеска. Директорот на домот за Сител тврди дека се работи за последно приклучување на мазут. Од Владата денеска ќе добијат 80 тони екстра лесно масло, кое ќе го користат додека да се приклучат на централно греење. Министерот Спасовски пак поради злоупотреба на црвената нафта најави  построги контроли на бензиските но и  можност од укинување на екстра лесното масло.

Според министерот за внатрешни сепак е најважно  да се покрене свеста и да се променат навиките кај граѓаните. По 2те  тужби против државата , поднесени од адвокати,  за загрозување на правото на живот, чиста животна средина и здравје, Спасовски без коментар, вели има институции кои ќе ја процесуираат таквата тужба.