Македонија
14. October 2019 - 19:31

Инспектори во контрола на оџаците во Струмица пред грејната сезона

Неисчистените оџаци се една од најчестите причини за пожари кои настануваат во текот на грејната сезона. Опжарување на оџаци има како кај индивидуалните станбени така и кај стопанските објекти, а најмногу се појавуваат поради наталожени саѓи, односно јаглен  моноксид  во цврста состојба.

За да не дојде до несакани последици и во текот на оваа грејна сезона која официјално започнува на 15 октомври од струмичката противпожарна единица апелираат до граѓаните да го искористат сувото време и да ги исчистат оџаците.

Тоа треба да го направат првенствено поради нивна безбедност, но и затоа што имаат законска обврска која доколку не се испочитува следуваат високи казни.

,, Има граѓани или правни лица кои подолг времески период од неколку години ги немат исчистено нивните оџаци.Тоа може да биде и најголем причинител, од самиот оџак да се запали кровната конструкција и да дојде до запалување на самиот објект.,, вели Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Контролата на оџаците ја прават инспекторите од ДЗС  кои  доколку утврдат неправилности прво ги опоменуваат субјектите. Ако и  после опомената оџаците не бидат исчистени следуваат казни кои се движат од 200 до 500 евра за физички и од 1000 до 5000 евра за правните лица.