Македонија
20. February 2018 - 9:00

Информативен ден за проекти за прекугранична соработка на Македонија и Бугарија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Струмица ќе го отвори Информативниот ден за сите потенцијални апликанти на вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На настанот ќе присуствуваат претставници од општини, од граѓански организации и од други непрофитни субјекти од Република Македонија и од Република Бугарија.

Повикот, како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, е објавен на 9 февруари и ќе биде отворен до 11 мај 2018 година.