-->
-->
Индиан Велс: Ѓоковиќ и Федерер во 2. коло
-->
Новак Ѓоковиќ успешно ја започна одбраната на титулата на Мастерс турнирот во Индијан Велс. Српскиот тенисер не блескаше но успеа со 2:0 да го победи Британецот Кајл Едмунд.
Новак Ѓоковиќ, кој во изминатите три години победува во Индијан Велс каде вкупно има пет титули, не блескаше, имаше многу осцилации во играта, но успеа да слав против 46-от на АТП листата Едмунд.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:4, а клучен беше брејкот на самиот почетокот на мечот. Во вториот сет, вториот на АТП листата најпрвин му дозволи на Едмунд два пати да му го одземе сервисот, но успеа да се врати по негативата од 2:5 и во тај брејкот да стигне до победата.
Ѓоковиќ во наредната рунда ќе игра против Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кого неодамна го победи на турнирот во Акапулко.
Дел Потро славеше над сонародникот Федерико Делбонис со 7:6, 6:3. Клучен во овој меч беше првиот сет кој Дел Потро го доби во тај брејк по 72 минути игра. Во вториот сет решавачки беше брејкот на Делпо во петтиот гем.
Пласман во наредната рунда во Индијан Велс изборија уште и Роџер Федерер кој на Французинот Робер му препушти само три гема, потоа Кирјос, Вердаско, Џонсон, Сок, Рафаел Надал, Вавринка, Нишикори, Димитров.
Најголемото изненадување го направи Американецот Тејлор Хари Фриц кој го елиминира Марин Чилиќ. Фриц, кој е 136-ти на АТП листата, успеа да слави по два часа и 18 минути игра со 4:6, 7:5, 6:4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок