Балкан
6. May 2020 - 13:56

Инциденти во атинска населба меѓу полицијата и околу 400 млади лица

Инциденти се случија синоќа кусо пред полноќ во населба во северниот дел на Атина, откако полицијата била нападната со шишиња и камења при обидот да предупреди група од околу 400 млади лица кои биле на централниот плоштад, дека се забранети собири, објавија грчките медиуми.

Според дел од медиумите, специјалните полициски единици одговориле со солзавец, а половина час по полноќ ситуацијата се смирила, јави дописничката на МИА од Атина.