Свет
11. February 2018 - 19:19

Инцидент во Лос Анџелес: Уапсен маж зошто трчал по аеродромската писта

Американските власти уапсија еден маж кој трчал по пистата на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Полицаецот Роб Педрегон рече дека тој маж е уапсен во саботата навечер по локално време неколку минути откако е забележан како трча по авион.

Пилот на авиокомпанијата „Саутвест ерлајнс“ прв во забележал мажот на пистата на аеродромот.

Меѓу обвиненијата со кои тој човек би можел да се соочи е и упадот на забранетото подрачје, рече Педрегон. Не е познато како и зошто мажот воопшто стигнал на пистата од аеродромот.