Инцидент во црква - го турна свештеникот зошто рече дека дебелите жени не одат во рајот
Видео од инцидент кое стана вирално, прикажува жена која нападна популарен свештеник во Бразил за време на неговото обраќање на затворањето на религиозен камп во Сао Паоло, пред неколку илјадна публика.
До драматичниот момент дошло откако свештеникот, Марсело Роси, на своите обожаватели им порачал дека „дебелите жени не одат во рајот“, објавуваат медиумите во Бразил.
Иако изјавата на свештеникот не се слуша за време на краткиот клип, некои извештаи тврдат дека тој, наводно, го дал коментарот пред да биде нападнат од жената. На видеото се гледа како околу 50 илјади верници инцидентот го гледааат во шок, бидејќи свештеникот буквално „лета“ од сцената.
Некои извештаи сугерираат дека свештеникот, кој за среќа останал неповреден во инцидентот, воопшто не искоментирал такво нешто, а дека жената била со нарушено ментално здравје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација