Свет
26. May 2018 - 14:41

Инцидент пред финалето: Закана за поставени бомби во киевското метро

Украинската полиција попладнево издаде наредба за затворање на пет станици на метрото во Киев, поради добиено предупредување дека во подземната железница се поставени бомби.

- Пет станици се затворени за патници. Во тек е нивна проверка, изјави портпаролката на киевското градско метро Наталија Макогон.

Според неа, добиени се закани за поставени бомби на станиците „Дњепар“, „Гидропарк“, „Левобережнаја“, „Арсеналнаја“ и „Хероите на Дњепар“. 

Во Киев вечерва ќе се одигра финалето на фудбалската Лига на шампиони, во кое ќе се соочат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и Ливерпул.