Живот
10. May 2016 - 13:45

- Имам 60 години, ми плаќаат да имам секс со проститутки, а не сум жиголо и полицијата не ме апси!

Џон (60) од Австралија е разведен, работи како истражител а работата му е да спие со проститутки! За секс со жените од борделите тој добива голема сума на пари а оваа должност често мора да ја спроведува на дело.
 
Веројатно на никој не му е јасно како е можно некој да му плаќа на Џон за секс со проститутки. Тоа е така бидејќи тој работи како приватен истражител и има за задача да разоткрие места во борделите каде што има нелегални сексуални услуги.
 
- Сигурен сум дека многу момчиња ми завидуваат на работата со која заработувам -рекол Џон.
 
Всушност, во Нов Јужен Велс има се повеќе бордели кои се декларираат како салони за масажи, а нудат сексуални услуги.
 
Цел на Џон е да провери дали секој бордел има дозвола да нуди сексуални услуги.