Има 17 години, а поседува возен парк од 2,4 милиони долари
Голем број од тинејџерите имаат среќа ако по полагањето на возачкиот испит од родителите наследат десет години стар автомобил, но 17-годишниот Џек Воткин од Велика Британија не спаѓа во група на „среќници“.
Именом, иако го положи возачкиот испит пред два месеци, тој веќе има „Ролс Ројс“, два „Бентлија“, два „Мерцедеси“, „Ренџ Ровер“ и „Порше“ или се на се возен парк во вкупна вредност од над 2,4 милиони американски доалри.
Секако, има и 500 илјади долари вреден рачен часовник и оди на луксузни одмори со семејниот авион, а притоа троши повеќе отколку што просечно лице троши во една година.
Но, не е лесно да се биде Џек. Така барем тврди тој.
- Мојот живот не е лесен. Мојот татко напорно работи за да ги имам сите овие работи. Нашиот авион не се вози сам од себе, нашиот базен не се чисти сам и резервоарите од автомобилите не се полнат сами од себе. Мојот татко мора да заработи пари за сите тие работи. Тоа бара многу одрекувања, вели загрижениот Џек.
Воткин стана познат како еден од припадниците на британските „златна младина“, кои на Инстаграм се фалат со своето богатство, што очекувано предизвика жестоки критики во јавноста.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок