Македонија
17. November 2018 - 17:57

Им се заканувал на полицајците, па го привеле во полициска станица во Кочани

Ноќеска во 00,45 часот во Кочани на улица „Никола Карев“ при вршење на службени задачи било сопирено патничко моторно возило „Пежо“ управувано од И.С.(33) од село Кучичино при што истиот започнал да се заканува и агресивно да се однесува и во еден момент и физички нападнал полициски сужбеник.

Лицето е приведено во Полициска станица Кочани за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен  соодветен поднесок.