Им ги намалил платите па сите 26 вработени му дале отказ во исто време
Соственикот на „Гастропаб“ бил принуден да ги затвори своите врати откако сите 26 работници дале отказ во исто време поради одмазда предизвикана од долготрајни конфликти со него. Овој договор меѓу работниците се случил овој месец кога целата екипа во „The Shop“ во Трој во американската сојузна држава Њујорк дала отказно писмо на сопственикот Кевин Блодгети.
Според њујоршкиот весник „Times Union“, вработените на поранешниот шеф со креда на табла му оставиле порака дека треба да биде подобар. Конфликтот настанал поради неколку причини, пред сè поради платата. Друштвото за исплата на плати „МyPrayrollHR“ нагло престанало да работи па банката со која соработувале автоматски ги повлекла исплатите кои веќе биле уплатени на сметка на врботените.
Според „Times Union“ фијаското некои работници ги оставило со “минимално или негативно салдо“ што предизвикало неволји. Менаџерот Џаред Бартон веднаш после тоа реагирал и изјавил: „Навистина повторно ни покажа дека не е сподобен да работи со неколку луѓе“ – изјавил Бартон за весниците.
Мотото на ресторанот било “работете напорно и останете скромни“ – иако некои од работниците изјавиле дека шефот многу ретко се појавувал на работа во ресторанот, а живеел во стан над него.Ситуацијата ескалирала кога неколку од вработените откриле дека платите им биле намалени и почнале да бараат нова работа. Освен тоа, и на другите вработени им ги кажале своите планови, а последниот конфликт околу платите бил клучен за работниците да дадат отказ.
„Гледав како неговото однесување се деградира до точка во која едноставно не беше присутен на работа, а кога беше, беше насилен, особено кон Џареди и Рич“ – изјавил поранешниот службеник Џош Џејмс за „Times Union“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово