Илон Маск го шокираше светот: Ќе тестира мозочен чип на луѓе
Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата.
Neuralink развива мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции и да лекуваат мозочни заболувања како што се Паркинсонова, Алцхајмерова болест или деменција.
Компанијата спроведе тестови на животни во последниве години додека чекаше одобрение за тестирање на луѓе од американската Администрација за храна и лекови (ФДА).
„ Сакаме да бидеме крајно внимателни и да се увериме дека ќе работи добро пред да го вметнеме уредот во човек, но мислам дека го доставивме најголемиот дел од нашата документација до ФДА и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола да го тестираме чипот врз луѓето – рече Маск за време на обраќањата на презентацијата во седиштето на Neuralink, која траеше речиси три часа.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас