Свет
12. August 2015 - 8:54

Илјадници лица евакуирани во Аргентина поради поплавите

Десет илјади лица беа евакуирани во најголемата аргентинска провинција Буенос Аирес, поради поројни дождови и драстично зголемување на нивното на водата во реките, што доведе до поплави. 

Во природната непогода загинаа три лица. Градот Лихуан е најпогоден од дождовите и поплавите. Лухуан се наоѓа на околу 75 километри западно од аргентинскиот главен град. Градот е популарен по католичките верници, кои секоја година го посетуваат.

Рекордните врнежи во провинцијата Буенос Аирес доведоа до зголемување за девет метри на водата во реката Аресифес.