Илјадници евакуирани од Бољшој театар и други објекти во Москва поради закани за поставени бомби
Околу 3.500 лица се евакуирани денеска од зградата на московски Бољшој театар поради закана од поставена бомба, објави ТАСС, повикувајќи се на извор од специјалните служби.
Во 19:00 часот, по локално време, во театарската сала Бетовен требаше да започне концерт насловен како „Срп и чекан“ посветен на 100-годишнината од болшевичката револуција во Русија.
Генералниот директор на театарот, Владимир Урин потврди дека во тек е евакуација, но одби да даде детали.
Во хотелот Метропол, исто така, беше објавена закана за бомба, каде што работат и полициски службеници. Од таму нема податоци за евакуација.
Претходно денеска, во рускиот главен град имаше дојави за поставени експлозивни направи на околу 20 локации, вклучувајќи шопинг центри, кина, ресторани и кафулиња. Исто така постои и закана за бомба за стоковната куќа ГУМ, каде исто така, е спроведена евакуација.
Кинолози со обучени кучиња ги проверуваат просториите во загрозените места.
Во Санкт Петербург, три трговски центри беа евакуирани заради сомнителни предмети. Во Новосибирск, пријавени се сомнителни предмети во 10 трговски центри.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово