Илјадници амандмани на изборниот законик за една изборна единица
Илјадници амандмани биле поднесени утринава на измените на изборниот законик за една изборна единица и отворени листи што ги побараа помалите партии, а ги поддржа и владејачката СДСМ.
Потврда дека има илјадници амандмани стигна на комисијата за политички систем кога предлагачот Лилјана Поповска реагираше зашто измените не се ставени за комисиска расправа, кога веќе се на седница. На ова претседателот на комисијата Александар Кирацовски рече дека на измените се поднесени преку 6.000 амандмани кои се уште се архивираат.
Според собраниски извори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено околу шестотини амандмани на измената за една изборна единица, а илјадници амандмани имаат и албанските партии, особено владејачката ДУИ, кои се изјаснија против ваквите решенија.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата