Македонија
17. February 2016 - 20:09

ИЈЗ ќе го проверува присуството на радон во училиштата и градинките

Има ли во училиштата и градинките присуство на радон над дозволените граници? Од Институтот за јавно здравје за неколку месеци ќе знаат каква е состојбата со овој  радиактивен гас во објектите каде престојуваат деца.  Во тек се мерењата по што ќе ја утврдат годишната концентрација на радонот, кој според Светската здравствена организација е втор ризик фактор за појава на рак на белите дробови.  Доколку има отстапувања веднаш ќе ги известат министерството за здравство и локалните власти.

-Во тој случај можат да се преземат и одредени активности за ремедијација. Не може да се зборува за радонот, за акутни последици. Наша цел е преку оваа програма да го намалиме ризикот од канцерогенеза, а кои ќе бидат ефектите, тоа ќе знаеме после 20 години. Референтните вредности се 200 бекерели за нови објекти, а 400 за веќе изградени објекти, изјави Лидија Николовска од ИЈЗ

Во Македонија нема мерење на концетрацијата на радон во земјиштето пред почнување со градба. За подобрување и регулирање на овие стандарди, од ИЈЗ на работилницата за превенција и ремедијација на овој гас од објектите за живеење, учествуваат и градежни фирми.