Живот
29. March 2018 - 11:34

Игор го загуби целото семејство во страотниот пожар: Вратата од киното беше затворена, жената ми испрати страшна порака

Игор Востриков од Кемерово го загуби семејството во страотен пожар кој изби во трговски центар во тој град.

Тој ден, тој отишол на работа, а неговата жена Јелена ги однела децата Ања (7), Артјом (5) и Ром (2) во кина.

Се задушиле во киното зошто вратата била блокирана и не можеле да ја отворат.

Јелена пред смртта на мажот му испратила порака: „Се гушиме, те сакам“.

Игор сега ја чека потврдата на нивните идентитети. И покрај сето, најде сила со останатите мештани, кои ги загубија најблиските во пожарот, да организира протест.

Оние кои дојдоа побараа од надлежните да му ја соопштат на народот вистината и точниот број загинати.

Востриков разговарајќи со други луѓе дозна дека најмалку 13 лица не се на списокот на загинати, што значи дека бројот на загинатите не е 64 туку минумум 77.

Полицијата рече дека ќе ги истражи неговите наводи, а во меѓувреме се појавија две теории за тоа што се случило во трговскиот центар.

Според една приказна пожарот е подметнат, а според друга - виновни се неисправните електрични инсталации. Истражителите сметаат дека другата теза е поблиска до вистината.

28. март е прогласен за Ден на жалост во областа Кемерово.