Свет
10. April 2017 - 8:50

ИД се заканува со нови напади

Исламската држава, што ја презеде одговорноста за двата напади врз коптските цркви во Египет, се закани со нови напади. 

ИД соопшти дека нападите во Египет ги извршиле двајца припадници на екстремистичката организација, кои на себе имале појас со експлозив.

Нападите беа извршени во градовите Танта и Александрија, стои во соопштението на ИД. 

При нападите загинаа 44 лица, додека над 100 лица се повредени. 

Египетскиот претседател  Абдел Фатах ел Сиси, по нападите, нареди распоредување на воени трупи во целата земја.