Свет
15. October 2016 - 17:58

ИД ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Багдад

Џихадистичката група Исламска држава ја презеде денеска одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во шиитски кварт на Багдад.

Најмалку 41 лице загина, а повеќе од 33 се повредени откако бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитските ритуали на празникот Ашура, што претставуваат оплакување на убиството на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, од VII век. Шаторот бил поставен на пазар препол со луѓе.

ИД во своето соопштение тврди дека нивниот борец ја активирал бомбата која се наоѓала на неговиот појас во шиитскиот кварт Ал Шааб, во северниот дел на Багдад.