Свет
8. January 2017 - 11:43

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад

Одговорноста за нападот со автомбил-бомба во Багдад при што загина 13, а повредени се околу 50 лица, ја презеде Исламска држава.

Нападот се случи на пазар во област Јамила, источен дел на Багдад, претежно населен со шиити.

Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека полицаец го забележал напаѓачот и отворил оган, но не успеал да го спречи нападот.

Според него, меѓу жртвите најмалку шестмина се цивили.