Свет
30. April 2016 - 19:24

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад, најмалку 24 цивили загинаа

Најмалку 24 цивили загинаа, а околу 40 се повредени денеска во напад со автомобил-бомба во Багдад, за кој одговорноста ја презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

- Нападот беше извршен во близина на пазар во југоисточниот дел на Багдад. Меѓу повредените има и тројца припадници на безбедносните сили, соопшти полицијата.

Автомобилот-бомба експлодира на пат, кој го користат шиитски верници, кои оделе кон гробот на имамот Муса ал Казим, едно од шиитските светилишта во Багдад.

Се претпоставува дека бројот на жртвите може да се зголеми, имајќи го предвид големиот број повредени.

ИД објави дека нападот бил извршен со камион наполнет со три тони експлозив, а напаѓачот удрил со возилото во големата група луѓе.