Фудбал
4. April 2017 - 18:30

Ибра го напушта Јунајтед, ќе игра за Галакси

Златан Ибрахимовиќ постигнал договор со ЛА Галакси, според кој ќе биде најплатениот играч во МЛС лигата, тврди Fox Sport.
 
Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, нема да остане на „Олд Трафорд“, туку кариерата ќе ја продолжи преку океанот, во американската МЛС лига.
 
Контактите помеѓу ЛА Галакси и Ибрахимовиќ пред неколку месеци ги потврди директорот на популарната франшиза, Алекси Лалас, а во вторникот Fox Sport. објави дека договорот е постигнат.
 
Поранешниот шведски репрезентативец е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона со 26 постигнати голови во сите натпреварувања.