Македонија
4. August 2020 - 17:07

И Заев и Мицкоски најавија преговори за нова Влада

И Заев и Мицкоски се надеваат дека ќе обезбедат мнозинство за да ја формираат идната Влада. По жестоката реторика во предизборниот период и јавната демонстрација на несогласување со ДУИ, Заев денеска смирува. Почнуваме преговори, резултатите ќе ги имаме за 10 до 15 дена

Заев вели дека претходната Влада покажала дека има капацитет да решава крупни прашања. Пред себе постави цел за темелни реформи во судството, закрепнување на економијата и реформи во јавната администрација.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави одлучна борба со криминалот и корупцијата, економска преродба на земјата и упати критики за лошото менаџирање на корона кризата и како што рече поткупот кој власта го спроведувала на изборите . И Мицкоски како и Заев се надева на поддршка на пратеници и партии од противничката коалиција

И Заев и Мицкоски не беа расположени за многу детали околу преговарачкиот процес. Согласно Уставот Пендаровски е должен во рок од 10 дена мандатот да му го довери на оној кандидат кој ќе обезбеди апсолутно мнозинство во Собранието.