Ракомет
26. March 2018 - 10:27

И втора победа против Ф.Острови

Женската ракометна репреентација на Македонија ја оствари и втората победа против  Фарските Острови, овојпат со 28:24 во Скопје.

Нашата репрезентација предводена  од Мирјета Бајрамовска и Елена и Душица Георгиевски уште од стартот го диктираше темпото и на полувреме резултатот беше 14:8 за Македонија, по што во второто полувреме имаше мал пад на играта за гостинките да се вратат на 24:20.

Најефикасна во нашата селекција беше Саздовска со седум голови, Ѓорѓиевска додаде шест, додека на голот Петковска имаше 12 одбрани.

Следуваат мечевите со Шведска и Србија во јуни  од кои ги загубивме првите мечеви.