И во арно и во лошо: Еве како ја доживуваат другарките Ноне!
Другарите и пријателите се најголемото богатство што го поседуваме. Колку и да сме богати, што и да имаме, без другари е тажно… затоа другарството ни е потребно и важно! Затоа секој од нас има најверни другари и другарки. „Од детство па до гроба“ – што се вели! Ги имаме сите ние, ги имаат и тие – познатите и јавни фаци. Пред се’ и тие се обични луѓе како и ние, а потоа се тоа што се! Па, попусто би им била популарноста и славата, ако немаат со кој да ги споделат! И во арно и во лошо!
Иако пејачката кариера и е „во лер“, таа се’ уште е популарна во јавноста. На моменти дури и повеќе отколку во времето кога активно пееше! Ама затоа другарките и се оние истите… И тогаш и сега. Оние најверните од училишните денови, од родниот и град Велес! Па каде и да е по светот, а многу често работата ја води преку седум мориња и океани, штом се врати дома, повторно се неразделни. Која мажена, која допрва треба да „стапне на лудиот камен“, ама сеедно… Штом се соберат, следува журка! Што има ново, а и да се потсетат на она што било старо… ама било добро… Или се ’ уште е!
Е сега која од нив е најзборлива, највесела, најрасположена, најнасмеана, кој има најголема уста за раскажување вистински случки или „ефтини приказни“…?
За многу да не се објаснуваме, ние дојдовме до нив и дознавме: Како нејзините другарки со еден збор ја доживуваат неа, нивната најверна другарка Ноне Неделковска?! Само што, наместо да ја опишат со еден збор или реченица, тие најубаво ја опишаа со само една фотографија. Каков е ефектот? Ефектот е постигнат! А, Вие за фото ефектот прашувате?
vistina.mk
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи