Свет
1. November 2020 - 16:36

И Велика Британија во карантин по Франција и Германија

Англија воведува едно месечен карантин, откако борјките на заразени го поминаа прагот и на најцрното сценарио на здравствените власти.

Земјата со најголем број смртни случаи од ковид во Европа и повеќе од 20 000 ново заразени секој ден, од четврток целосно ги затвора пабовите, рестораните и баровите. Граѓаните ќе може да ги напуштат домовите само за одење на работа, на училиште, вежбање или за купување на основни намирници и лекови. 

Во обраќањето до нацијата, британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат дома, како единствен начин да спасат животи и да не се преоптовари здравствениот систем.

„Пабовите, баровите и рестораните мора да се затворат, освен услугите за полетување и достава.

Може да го напуштите вашиот дом за работа, за вежбање, со вашето домаќинство или самостојно со едно лице од друго домаќинство, да купувате храна и најважен, за медицинска нега и да обезбедите грижа за другите.

Самохрани возрасни домаќинства сè уште можат да формираат ексклузивни меурчиња за поддршка со едно друго домаќинство, а децата сепак ќе можат да се движат меѓу домовите ако се разделат нивните родители“ вели Џонсон

Од утре до крајот на месецот и Германија воведува драстични мерки за сузбивање на вирусот.

Се затвораат рестораните, баровите, кината, театрите, надворешните собири се  ограничуваат на членови на не повеќе од две домаќинства, најмногу до 10 лица.

Натпреварите во Бундеслигата ќе бидат без гледачи, а ќе бидат затворени и спортски сали, базени, салони за убавина. Отворени остануваат единствено продавниците, училиштата и градинките.

Во пресрет на Божиќ слични мерки воведе и Франција. Од петокот Французите од дома може да излезат по еден час во набавка на храна и лекови, за вежбање и за работа. Со посебна владина потврда можат да излезат за спортување еден час и во радиус од 1км од каде што живеат.

Полициски час од среда воведува и Австрија.

На австријците нема да им биде дозволено да ги напуштат своите домови помеѓу 20 часот навечер и 6 часот наутро.

Сите јавни настани се откажани, а хотелите и рестораните се затворени. Отворени остануваат само градинките, основните училишта и продавниците, додека средните училишта и универзитетите преминуваат на настава од дома.