-->
-->
И Вавринка го теши Ѓоковиќ
-->
Стан Вавринка, третиот на АТП листата на тениските професионалци, рекол дека и приватните проблеми влијаеле врз формата на најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ.
„Апсолутно го разбирам Ѓоковиќ. Она што сега му се случува мора да се погледне од поширока перспектива. Три години само победуваше, победуваше и победуваше. Покрај тоа тој имаше и други проблеми во приватниот живот кои му одмогнаа. Сепак, сигурен сум дека наскоро повторно тој ќе биде стариот Новак“, рекол Вавринка во интервју за швајцарскиот „NZZ“.
Вавринка, на последниот грен слем во сезоната, УС Опен, го победи Ѓоковиќ со 3-1 во финалето и ја освои третата своја титула, во исто толку финалиња на грен слем титулите.
Швајцарецот има по една титула во Мелбурн, Париз и Њујорк, а за комплетирање на грен слем му недостигна титулата од Вимблдон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите