Ракомет
29. September 2020 - 20:17

И покрај поразот од Кринс Металург ќе игра во Лига Европа

Македонскиот  претставник на меѓународната ракометна сцена  Металург загуби на гостувањето во Швајцарија со 22-21 од екипата на Кринс но успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа благодарение на победата во Скопје од два гола разлика.
Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол а во повеќе наврати Кринс имаше гол до два предност но не успеа да се одлепи повеќе од 3 гола (20-17) благодарение на големата пожртвуваност на нашите ракометари кои на крајот загубија со само еден гол разлика што им беше доволно за славје на пласманот во групната фаза.