Кошарка
28. December 2017 - 11:11

И ова го дочекавме во НБА, Богдановиќ го прати Леброн по "бурек"

Богдан Богдановиќ одигра можеби една од најдобрите партии во НБА и  тоа во победата против Кливленд, предводена од Леброн Џејмс.

Србинот на крај славеше со победа од 109:95, а имаше кошаркарски учинок ист како Леброн. Двајцата постигнале по 16 поени и биле одлични во разигрување на соиграчите, а имале и еден интересен дуел за време на натпреварот.

Всушност, во последната четвртина, при водство на Сакраменто од 85:80 во нападот на Кингс, Богдан поентирал по одлична финта која ја "продал" токму на Леброн а како се тоа изгледало погледнете во видеото, поточно на 3 минути и 10 секунди: