Фудбал
2. October 2018 - 13:12

И Лампард со поддршка за Мурињо

Тренерот на Дерби Каунти, Френк Лампард му изрази поддршка на колегата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот е критикуван поради слабите резултати и тензиите со играчите.

- Мурињо минува низ тежок период. Такви моменти ќе имаме сите ние кои сме во оваа професија. И јас ќе ја преживеам. Тоа се случува со секој тренер. Ги слушав сите негови неодамнешни интервјуа. Тој е голем човек и ќе продолжи да ја врши својата работа. Се разбира, сочувствувам со него. Тој не победува, иако мора - затоа што се работи за Манчестер Јунајтед, изјави Лампард.

Пред една недела токму второлигашот Дерби Каунти го елиминира големиот фаворит Манчестер Јунајтед во 1/16 финалето од англискиот Лига куп.