Фудбал
13. January 2019 - 21:38

И Јувентус заинтересиран за Модриќ

Шампионот на Италија, Јувентус сака да го привлече носителот на „Златната топка“, Лука Модриќ, соопштуваат медиумите во Италија.

„Бјанконерите“ ќе се вклучат во трансферната битка за хрватскиот репрезентативец, кој сака да го напушти Реал Мадрид. Договорот на 33-годишниот Модриќ со европскиот клупски шампион е до летото 2020 година.

Платата на носителот на „Златната топка“ во Јувентус може да изнесува 10 милиони евра годишно.

Интерес за Лука Модриќ, исто така, покажа и Интер.