Loading Video...
Ракомет
30. May 2019 - 19:16

И голманот Милосављев замина од Вардар

Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Келн , Германија каде викендов ќе учествуваат на завршниот турнир од Лигата на шампионите.  Прв меч црвено – црните го играат во сабота против првиот фаворит Барселона

                Спроти овој голем спортски настан пристигна информацијата дека од редовите на Вардар заминува и извонредниот голман  Дејан  Милосављев кој денеска потпиша  петгодишен договор со германскиот гигант  Фуксе.

                Екипата од Берлин годинава го освои ЕХФ купот  и посакува следната сезона да се замеша во битката за титулата во Бундес лигата.  За Милосављев кој имаше извонредна сезона во редовите на македонскиот првак ова е исполнување на сонот да заигра во најсилната лига откако за кратко време се афирмира на голот на црвено-црните.