Македонија
22. February 2019 - 19:53

И годинава планинарски марш во чест на претседателот Борис Трајковски

Планинари од неколку градови од државата по 14 ти пат маршираат во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски. Преку четири етапи треба да поминат околу 200 километри. Традиционално како и во изминатите 13 години стартуваа од пред споменикот Македонија во Струмица поставен во чест на Трајковски , а крајната цел им е неговото вечно почивалиште во Скопје. Таму треба да пристигнат на денот на одбележувањето на 15 годишнината од несреќата.

Меѓу планинарите кои тргнаа на марш е и 73 годишниот Иљо Митровски од Радовиш. Тој е редовен учесник на сите досегашни маршови посветени на претседателот Трајковски.

Планинарскиот марш во чест на Борис Трајковски чиј организатор е ПАОК Ентузијаст од Струмица се одвива во два дела. Вториот ќе биде за време на викендот кога околу шеесетина планинари од Македонија и Бугарија ќе го искачат врвот Бо Тра на Беласица, висок 1880 м.н. м.