Loading Video...
Балкан
17. February 2021 - 16:42

И Црна Гора ќе добие вакцини од Србија

Србија со антиковид вакцини ќе ја помогне и Црна Гора. Првата пратка со околу 2.000 дози од руската „Спутник В“ Црногорците ќе ја добијат вечерва. Премиерката Брнабиќ ќе ја предаде донацијата на премиерот на Црна Гора, Кривокапиќ на аеродромот во Подгорица. Во наредните денови се очекуваат уште 2.000 дози. Инаку во Црна Гора се уште не е почната имунизацијата, а Владата ја обвинува претходната влада за доцнењето.  

Интерес за руската „Спутник В“ има и во Хрватска објавуваат тамошни медиуми. Јутарњи лист повикувајќи се на извори од владејачката Хрватска демократска унија пишува дека Хрватска може да ја набави вакцината пред таа да биде регистрирана од Европската агенција за лекови. Тоа може да се случи и во наредните недели. Целта е земјата да ја има вакцината и штом истата добие зелено светло од европскиот регулатор да може веднаш да се употребува наведува весникот.   

А новите видови на корона продоложуваат да се шират низ светот. Според  СЗО британската високозаразна мутација на вирусот е откриена во 94 земји. Во 46 земји е забележан јужноафриканскиот додека бразилскиот сој во 21  држава.  
ЕУ денеска обајви дека ќе почне програма за проучување на новите видови на коронавирусот и произдвоство на вакцини од втора генерација против идни мутации.

Шефицата на Европската комисија објасни дека во програмата наречена „Хера инкубатор“ ќе учестуваат земјите членки, фармацевтската индустрија и истражувачите. 

- Целта е да се искористи нашата комбинирана моќ за да бидеме пред растот на кривата за следната фаза на вирусот, од раната детекција на новите варијанти се до крајот, до рапидното масовно производство, ако е потребно, доколку одобриме, второ ниво или втора генерација на вакцини, изјави Урсула Фон Фер Лајен. 

Од корона ширум светот досега се заразени повеќе од 110 милиони луѓе.