Живот
6. October 2022 - 12:22

Хуманитарен концерт во Крушево во спомен на Тоше Проески

Синоќа во Крушево се одржа концертот „Со љубов за Тоше“ по повод 15 годишнината од одржувањета на неговиот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Целта на настан е да не се заборави делото на Тоше, неговата музика и хуманоста. Особено тоа што голем дел од средствата од влезниците од неговиот последен концерт беа наменети за реконструкција на повеќе училишта низ Македонија.

„Хуманата мисија на Тоше гледаме ние преку вакви музички настани да ја промовираме, да не се заборави, да се продолжува неговото дело и многу повеќе да се потсетуваме на неговите мисли, особено на неговото „Ве сакам сите“, на неговото човекољубие, тој беше хуманитарец без преседан“, изјави Лефкија Гажовска, директорка на Спомен куќа на Тодор Проески.

Неговите безвремени музички нумери пред публиката ги пееја Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Каролина Гочева, Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Јоце Панов, Омар Џафероски, солистите на МОБ Билјана Јосифов и Влатко Груески, во придружба на Камерниот оркестар на Битола.

„На еден начин тој живее во сите нас и треба да го споменуваме и да ги пеееме неговите песни и да правиме концерти за него, бидејќи само така тој ќе живее ии ќе биде вечен“, вели Билјана Јосифов, солист во МОБ.

„Toa што за прв пат се случува во Крушево не значи дека е последен пат и според мене оваа традиција треба да си се запази и да се слави бесконечно“, истакна Дани Димитроска, музичар.

„Еден ден секој од нас нема да биде присутен  на планетава. Ќе заминеме на оној свет, но нашите дела ако останат да се вртат, да се слушаат сме направиле добра работа. Јас верувам дека Тоше е сега тука присутен околу нас, не гледа, не посматра и е горд и на нас и на себе затоа што зад себе остави песни кои ги слушаат генерации“, додаде Бени Шакири, музичар.

За прв пат после 10-тина годинии повторно се собрар заедно и бендот на Тоше.

„Ние сме пресреќнии поради тоа што се гледаме повторно заедно, доаѓајќи тука нас ни беше совршено јасно дека Тоше е со нас. Духот беше тука, комбето наше беше тука, така што овој датум секогаш кај нас овој датум бил позитивен, бидејќи тоа беше голем концерт кој што го имавме. Се надевам дека дел од тој дух ќе пренесеме вечерва тука“, рече Трајко Симоноски, дел од бендот на Тоше.

Настанот беше во организација на Националната установа Спомен куќа на Тодор Проески, а финансии поддржан од Министерството за култура.