Балкан
17. November 2019 - 10:01

Хрватска: Црвен метеоаларм, бродови не сообраќаат кон островите

На хрватското крајбрежје, црвен метеоролошки аларм е на сила поради силно југо, а пред се погодени се западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнерниќ, како и северна, централна и јужна Далмација.

Загрепскиот и Карловачкиот регион исто така се под предупредување – жолто, заради поројните врнежи од дожд.

Фериботи и бродови линии што го поврзуваат Сплит со островите, се уште се во прекин и денеска, јавија хрватски медиуми.

Во прекин се и некои линии што ги поврзуваат Ријека, Задар и Дубровник со островите.