Македонија
7. September 2020 - 11:51

Хронично болните се враќаат на работа - Продолженото породилно ќе важи до Нова Година

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок заклучила на Владата да предложи хронично болните да се вратат на работа, освен оние кои имаат извештај од специјалист за брзо прогресирање на болеста.

Исто така има предлог мерката за продолжено породилно отсуство да важи до Нова Година, а од работа и понатаму се ослободени бремените жени.

За родителите на деца до 10 години ќе се одлучува на наредниот состанок на Комисијата.

 

Александар Динев