Живот
22. јуни 2019 - 15:01

Хороскопски знаци на кои љубомората им е најголема маана

Сите понекогаш сме го почувствувале „зеленоокото чудовиште“ и нѐ има обземено необјаснив страв дека може да ја изгубиме саканата личност.

Љубомората може да биде испровоцирана и оправдана, но најчесто е одраз на нашата сопствена несигурност во себе, во партнерот и/или во врската.

Некои од нас ја чувствуваат почесто, некои поретко, но припадниците на овие три хороскопски знаци се апсолутни шампиони во љубомора.

Ова кај нив прераснува и во опсесија и може да биде најголемата маана кај нив кога станува збор за љубовни врски.

ЈАРЕЦ

Иако другите два знаци се значително повеќе склони кон љубомора, има причина зошто Јарците се на овој незавиден список. Тие се традиционални и по малку конзервативни, па мали отскокнувања од „нормалата“ може кај нив да предизвикаат бурна реакција. Не ја покажуваат секогаш љубомората бидејќи сакаат да остават впечаток на современи и либерални партнери, но тоа не значи дека не ја чувствуваат. Ако љубомората е поттикната од внимание на саканата личност кон некого поради карактеристика за која тие се чувствуваат несигурни во себе, тогаш не можат да ја сокријат. Јарците се многу верни и не простуваат неверство, дури ни помислата за неверство.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите се многу посесивни личности и во љубовните и во пријателските врски. Кога ќе најдат добар пријател или кога ќе се заљубат, сакаат да поминуваат многу време со таа личност и се љубоморни на сѐ и на сите што ќе застане меѓу нив. Многу се песимистично настроени и дозволуваат најцрните сценарија да завладеат со нив. Кога се обземени од љубомора се однесуваат како мали деца на кои им е земена омилената играчка и нема да се повлечат додека не биде по нивно.

БЛИЗНАЦИ

Иако се доживуваат како позитивни и отворени личности, Близнаците го држат престолот во царството на љубомората. Кај нив љубомората најчесто е во форма на завист кон луѓе за кои сметаат дека не го заслужуваат она што го имаат, односно сметаат дека тоа треба да им припадне ним. Љубомората кон партнерите скоро секогаш има врска со самите нив, а не со саканата личност, бидејќи се многу несигурни. За среќа, нивната интелигенција не им дозволува да имаат отворени и јавни изблици на љубомора. Кога се пријателствата во прашање, поради љубомора може едноставно да ги снема од вашиот живот бидејќи нема да сакаат да трошат енергија на објаснување.