Живот
30. September 2018 - 12:45

Хорор во Калифорнија: Дете ловело јастрози, па го гризнала ајкула долга 3 метри

Тинејџер (13) кој нуркал во потрага по јастрози во Енчинитас, северно од Сан Диего во Калифорнија го нападна ајкула.

Очевидец раскажа дека слушнал врескање и повик на тинејџерот дека го гризнала ајкула.

Групата која тука, исто така ловела јастрози, го извлекла тинејџерот на кајак и го однела на плажата, од каде со хеликоптер е префрлен во болница. Тој се здобил со повреди во горниот дел од телото.

Ајкулата била долга околу 3 метри.

Kurir.rs/Tanjug