Живот
21. September 2016 - 10:37

Хорор: Си ги фрлил децата низ прозорец, жената не сакала да оди забулена

Сириски мигрант ги фрлил трите деца низ прозорец зошто го разбеснела сопругата, која не сакала повеќе да ги почитува муслиманските правила кои се однесуваат на послабиот пол.

Кога сопругата побара да ја третира онака како што мажите од Европа се однесуваат кон жените, мигрантот од Сирија кој се доселил во Германија, ги фрлил трите деца низ прозорец.

Овој ужасен чин се случи во февруари во Келн, а судењето на злосторникот почна овие денови.

Сите три деца, за среќа, ја преживеале драмата. Девојчето од 7 години и момчето од 5 се здобиле со повеќекратни скршеници, додека најмладото дете, девојчето од година дена, поминало само со модрици.

Сириецот Хасан З. (36) до Германија стигнал по Балканската рута, преку Франција, а пред две години се преселил во Германија, а потоа му се придружило и семејството.

Пре да ги фрли децата од прозорец, често се карал со жената и ја тепал со тенџериња.

Кога е доведен во судницата, Хасан, во знак на протест, го покрил лицето со маичката.