Балкан
19. August 2016 - 20:21

ХОРОР: Лизгање на земјиште на патот зароби 30 лица, меѓу кои и деца!

Поради лизгање на земјиштето на патот Перучац - Растиште во близина на Бајина Башта, заробени се околу 30 луѓе меѓу кои има и деца, пренесува РТС.
 
За среќа никој не е повреден, а во тек е авакуација на патниците, изјавил за танјуг, раководителот на Секторот за вонредни ситуации на Србија, Предраг Мариќ.
 
- Дошло до лизгање на земјиштето, еден рид практично се срушил и зафатил десетина автомобили. луѓето не можат безбедно да ги напуштат без наша помош, - објаснил Мариќ.
 
Помеѓу земјиштето и брегот на езерото заробени се 30 патници меѓу кои има и деца, потврдил градоначалникот Радомир Филиповиќ.
 
Ангажирани се повеќе машини за отстранување на земјиштето за полесно евакуирање на автомобилите.