Живот
22. December 2017 - 11:08

Хорор: Ја запросил девојката, а таа го одбила - ја заклал среде продавница без око да му трепне

Момче збеснало кога неговата девојка ја одбила неговата брачна понуда, па на смрт ја избодело среде супермаркет.

Тој потоа се свртел кон себе и се обидел да се убие, но не успеал во тоа. Облиен во крв барал од останатите луѓе во продавницата да го „докусурат“, пренесува Дејли Мејл.

Се се одиграло во рускиот град богат со нафта Уфи, а според вознемирувачките фотографии од самото место, 23 годишната убиена девојка лежела на пола под фрижидерот на продавнциата. Сведоците велат дека нејзиното момче ја избодело 17 пати.

Според изјавите на сведоците и соседите на убиената девојка, момчето пред убиството ја чекало девојката пред нејзината куќа и подоцна ја следел до продавницата, додека таа се обидувала да му помогне.

Според извештаите на локалните медиуми, родителите на убиената девојак бил против нивниот брак зошто тој имал криминално досие. Како што пишуваат локалните медиуми, момчето ја стигнало девојката кај продавницата во која се случил масакрот, и пришол со букет цвеќе и прстен и ја запросил. Меѓутоа таа одбила да се омажи за него и му рекла дека сака да ја раскине врската.

Потоа таа втрчала во продавницата и се слушнало „помош“.