Бизарно но вистинито
14. October 2019 - 22:48

Хорор: Индиец копал гроб за сопственото дете, а во земјата нашол живо бебе: Бог ме испрати да го спасам, го најдов во земјен ќуп!

На северот од Индија е пронајдено бебе закопано живо, а девојчето го пронашол селанец кој копал гроб за сопственото дете, пишува Би Би Си.

Шефот на локалната полиција Абинандан Синг рекол дека девојчето било ставено во земјен ќуп и закопано живо, како и тоа дека веднаш по откривањето бебето е префрлено во болница, пренесува Би Би Си.

„Додека копале гроб за него, на длабочина од три метри, лопатата удрила во земјен ќуп, кој е извлечен. Во него лежело бебе. Полицијата детето го однела во градската болница на лекување“, објасни Синг.

Тој додаде дека полицијата покренала истрага за инцидентот.

„Се обидуваме да ги пронајдеме родителите на девојчето и веруваме дека тие ја дале својата согласност“, им рече Синг на новинарите.

Како што се наведува, жените во Индија се социјално дискриминирани, а девојчињата се сметаат за финансиски товар, посебно во сиромашните заедници, па не е реткост мајките да прават абортус во случај да носат женско дете и тоа со нелегални средства, а во некои случаи ги убиваат и веднаш по раѓањето.