Живот
10. July 2017 - 14:56

ХОРОР: Акробат загина пред публика од 35.000 луѓе

Шпанскиот акробат Педро Аунион Монрој (42) загина при пад на фестивалот „Мед кул“ во Шпанија, непосредно пред настапот на британската панк група „Грин Деј“.

Немилиот настан се случил кога акробатот паднал од кутијата која се наоѓала во воздух на висина од 30 метри.

Она што предизвика жестоки критики на социјалните мрежи е тоа што концертот сепак се одржа.

Едноставно, организаторите на фестивалот не сакале да го откажат концертот, а членовите на бендот не ни знаеле што се случило.

По концертот организаторите изразија жалење за несреќата, нагласувајќи дека не ја прекинале програмата поради безбедносни причини. 

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: