Балкан
22. February 2017 - 9:43

Хоџај: Заедницата на српските општини ќе биде формирана

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај тврди дека Приштина ќе го исполни договорот за основање Заедница на српски општини. 

- Тоа е во наш интерес и во интерес на српската заедница на Косово, да има тело кое може да ги поддржува, координира, кое може да им го подобри животот и да им помогне во интеграцијата во државните структури на Косово, во политиката, економијата, општеството, рече Хоџај.

Тој истакна дека таа заедница мора да биде создадена според основите на Бриселскиот договор и според одлуките на косовскиот Уставен суд.

- Во Белград понекогаш некои луѓе даваат погрешна претстава за целта на оваа заедница, рече Хоџај, повторувајќи дека ЗСО нема да има никакви извршни овластувања.