Loading Video...
Кошарка
7. February 2020 - 14:04

Хјустон и Милвоки ги добија дерби дуелите со Лејкерси и Филаделфија

Два дерби дуели ја одбележаа синоќешната програма во НБА лигата. 
 
Хјустон направи изненадување на гостувањето во Лос Анџелес совладувајќи ги Лејкерси со 121:111.
 
Расел Вестбрук со 41 поен беше најдобриот поединец кај победничката екипа за која Харден постигна за него скромни 14 поени. 
 
На „Езерџиите“ не им помогнаа ниту дабл-дабл учиноците на Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скокови, односно Леброн Џејмс кому му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, па покрај 18 поени и 15 асистенции средбата ја заврши со 9 скокови.
 
Во дербито на истокот, најдобриот тим  во лигата Милвоки со 112:101 ја победи Филаделфија  меч на кој Антетокумпо оствари даб-дабл со  36 поени и 20 скокови, а Мидлтон на 20 поени придодаде 7 скокови. 
 
 На останатите натпревари Њујорк минимално го победи  Орландо 105:103, а Портланд славеше над Сан Антонио со 125:117, додека на гости во Чикаго се радуваше  Њу Орлеанс со конечни 119:125.